кацига (ж.)
Влеговме во кулата пред која немаше стражар со кацига на глава и со копје пред себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И кацига прекрасна, на моторот има, да ја носиш Давиде, во лето и зима.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
На војничките кациги кирилична закана: Одреди за тивка ликвидација. Организери.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Одвреме-навреме кацигата се топеше. Остануваа само роговите на голата черупка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Е, можам да те замислам, со кацига на глава и фустанот кој зад тебе ќе се лелее како барјак низ Куманово.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Под кацига некој рицар се бори со клун на птица. На гитара свири жица.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Полицајците, специјално опремени за борба против демонстранти, беа чудно облечени, беа во кациги, во рацете носеа штитови, палки и што ли уште не.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И само што станав и се иставив, Камбо го ранија во главата, но беше спасен зашто носеше кацига, куршумот само се лизнал и му ја скинал веѓата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Посочувајќи на кацигата и ракавиците, ние инсистираме: „Зарем ова чувство не е многу поинакво од гледањето телевизија?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој беше својот син и зборуваше наместо него, се движеше испрекинато за да го смири своето забревтано срце и возобновената паника што ја чувствуваше додека ја навлекуваше свежата, чиста униформа, ги проверуваше резервите на храна, садовите со кислород, кацигата, скафандерот и се сврти, како и секој човек на земјата таа ноќ, за да се загледа во небото што брзо се исполнуваше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На главите имаа метални кациги со рогови.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Но, ми беше чудно, зошто сите носеа пластични кациги на главите и зашто беа забрадени до носот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)