кација (ж.)
Обравчињата ѝ горат, не замалува огнот. Ко жарје во кација нацрпени и горат. И очињата со крв ѝ се облечени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Аскери со кации им тураа на градите жар и ги држеа по тројца да не го отстранат од градите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во ќошот на женскиот кат, задолжително стои „месарскиот ковчег" — ноќвите, до него крбла со брашно, па амбарче кај чорбаџиите; а најдолу се наредени подниците, вршниците, а врз нив кацијата за посипување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги гледаше како одат по сокаците изнабесени на нив со: кошници, сита, вретена, фртоми, синџири, потковки, ендезиња, брдила, кросна, кации, пирустии, сорови, ченгели, резиња, дрмуни, оглави, гребла, ѕвонци и други дрангулии и викаа умот да ти го извадат; навечер палеа огнови крај езерото кои одблеснуваа во водата како да ја потпалуваат; седеа околу нив со раширени нозе да се топлат;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)