кеј (м.)
Таа прва ги откри оние наслаги во мене што обично му припаѓаат на сортата копилиња кои деновиве сноват по корзото и по кејот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Преку улицата се протегаше кејот на кој беа наредени четири мамутски тополи посадени уште од османското време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Издолжените сенки од јарболите на малите бродови и гемии ја браздеа рамната површина на пристанишниот кеј.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Татко од чардакот го гледаше својот пријател како заминува по кејот во правец кон Дрвениот мост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мајка ѝ го позна ликот зашто таа одеше и се враќаше од гимназијата низ нашата улица, по кејот крај реката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На кејот девојката си ги капе стапалките во зеленикавите бранчиња.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И немаше да морам, како сега, на продавачот на печени пченки на кејот да му објаснувам дека е срамота при толку ѓубре корпите за отпадоци да се празни.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Го нема ниту Дрвениот мост што го поврзуваше десниот и левиот дел на градот. Останале само делови од кејот крај реката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мене во болницата ме донеле луѓе кои виделе како трчам по кејот, како молам за помош, како паѓам на колена, како удирам со дланките од плочникот на кејот, како паѓам во бессознание.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Како по старата традиција кога живеевме заедно, кафе или некоја лесна салата, покрај видикот на кејот на Вардар.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Многу рибарски лотки се насобрани крај кејот и брегот. Сите се закотвени.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сите патници и посадата на паробродот го напуштиле паробродот и тргнале кон кејот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Трчав по кејот, молев за помош и гледав во телото кое исчезнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа покажав на сенката која едно дрво на кејот ја фрлаше во водата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И се свртев и ја оставив. Тргнав кон скалите на кејот и ја оставив така: разголена и понижена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И затоа, во мигот кога видов дека попуштам кон него (беше тоа една летна ноќ, на кејот на Вардар во Велес, кога речиси водевме љубов), јас решив да го опоменам, да го навредам, да го оддалечам од мене; и јас ја предадов неговата збирка песни во Партијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)