кимне (св.)
И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање... Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа е така. Му кимнувам на семејството. Неговите членови ништо не знаат за тоа, а и кога би знаеле, не би верувале.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Погледнавте кон мене. Јас кимнав со глава, а вие продолживте како да не ме забележувате.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Се сложувате. Кимнавме со главите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој сигурно не е дојден за покер, рече најстариот брат. Ние, другите, тажно кимнавме со главите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ване прашално го погледна, додека келнерот само кимна со главата и отрча кон шанкот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тате ќе кимнеше со главата секојпат штом ќе проговорев и се насмевнуваше, лесно плескајќи ме по градите како знак на одобрување.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кимнав со главата неколкупати и реков „добро, добро“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
О'Брајан повторно кимна. Со некаква сериозна учтивост, тој ја заврши римата:.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја праша дали го читала Зола и таа кимна со главата, па додаде дека го читале во училиште.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Бил кимна со големата глава во правец на кулата со екранот, која сега личеше на гранитна шахта, но која всушност беше дрвена рамка потпрена на масивна основа од ѕидана конструкција, бочно обложена со танка цементна кошулка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Шеесет години! Зарем сиве овие години само си седел тука и си чекал некаква ракета од Земјата?“ Старецот кимна со главата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Оди на лекар, прегледај се.“ Кимнувам со главата и добро е тоа, да се кимне со главата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Хернандо кимна со главата. „Ќе ви донесам вода.“ „Побрзајте, ве молам!“ викна една од девојките.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Не мислиш, белки, сериозно?“ Тој кимна со главата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
О'Брајан кимна потврдно, без да покаже изненадување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Камилски во знак на согласност кимна со главата и веднаш се внесе во своите списи, готов да започне да реферира за своите пет избрани зборови, но очекуваше и Татко да ги каже своите пет збора.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Памтиш, на Трајко барабата? Свето кимнува со глава. Абе, умно, учи да биде поумно.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
„Навистина ?!“ Тој кимна со главата сериозно.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)