класика (ж.)
Надменоста и разиграноста, помодното шарлатанство и дрското однесување би морале да се надминат со постојаното и внимателно конфронтирање со класиката, не, значи, со класицистичкото.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Класиката“ значи недоверба спрема чувствата и умот, со надеж дека тие ќе се поврзат.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Грицкачи со мешиња подуени од светска класика.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако уметноста - според Ваисхедел - ја има смислата на откривање на метафизичкото, овие егзистенцијални одредувања покажуваат дека класиката и маниризмот навистина во една „двократна“ смисла ја прават видлива реалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во своите (за книжевно-историското истражување на маниризмот) преломни истражувања (поглавјето за маниризам во Европската книжевност и латинскиот среден век, 1953.) Курциус предлага изразот маниризам да се одбере за сите „книжевни тенденции спротивставени на класиката, без оглед на тоа дали ѝ претходат на некоја класика, или ја следат или се временски синхрони“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Класика и маниризам Доколку постојат две појавни форми на апсолутот - во уметноста на класиката и маниризмот - обете се поврзани со апсолутното.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Еј, тоа е Достоевски. Класика, а не некој домашен автор, од твое маало.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој свет е terribilita (така ги нарекувале сликите на Микеланџело), тескобна неповрзаност, стравотија која не можела да се искаже со правилата на класиката, извртеност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Највисоката „класика“, значи, најсублимната уметност (поезијата, музика на човештвото), според сѐ, токму во демонска смисла, е антиконформистичка.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тој станува класика, евергрин.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)