клевета ж.
клевети несв.

клевета (ж.)

При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ве ослободивме од обвинението дека изнесувате злонамерни клевети за високи преставници на власта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби е клевета, си мислам, иако знам дека и ѓаволот може да оди со сенката од господ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради неоснована клевета кај Французите, наводно дека се дружел со непријателите на Французите, тој е отпуштен од службата, дури и уапсен, но оставен да лежи во Командата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нам не ни допушта местово да ги изредиме сите ваши филолошки и етногравски блујаници, со кои обилуваше вашата статија, и сите гнасотии и клевети што ги упативте не само на егзархијата туку и на сиот бугарски народ и да ви покажеме кој пцуел вие или ние.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кому ли таква лоша клевета му излезе од уста, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тоа ние го направивме за да ви покажеме дека нашата емиграција знае кои причини ве натерале да кренете толкав шум против егзархијата и толку клевети против народот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вилиците на кловнот се вкочануваат. Сака да каже нешто, со водопад од зборови да ја измие страшната клевета, да докаже дека не е така.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И покрај тоа што Гарванов освен клевети испраќал и закани дека ќе употреби и сила за да ги отстрани од Солун, не дошло до физички пресметки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Слично како кај Законот за работни односи, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета,80 така и кај овој закон товарот на докажување паѓа на тужениот доколку во текот на постапката тужителот го сторил веројатно постоењето на вознемирување на работното место (чл. 33).81
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
— Јас не можам да судам за други партии, вели Апостол Макаровски, иако сметам дека она што ѝ се припишува на југословенската партија е чиста клевета.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Редици црни скелети чекаат погрдни клевети, пред вратите преполни ги скокотка гладта на ѓаволовите усни вековни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да поверува? Не, не, тоа мора да е лага, мора некој да му ја залепил оваа клевета.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го нишаше предавството во корен, и клеветата, заговорот, та секој еден што ќе се обидеше да посегне по него беше погубен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Мислеше дека си обезбедува една дистанца што, ете, не е тој што шири подли гласови и клевети, туку другите, а тој еве, како пријател, сака да ми помогне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Асмата ни копа ни ора, ама е тука. Ме наклеветија. Ми подметнаа клевета, божем сум бил во врска со Австријците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За тој збор народски да живи, под клевета тешка, од грчки свештеници, во Дебар го затворија ене, клетници, во ќелии сиви.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе