климне (св.)
Тој ѝ климна со главата, а таа само срамежливо се насмевна и го трга погледот на страна, чувствувајќи како ѝ шика врелина во лицето и како врвовите на ушите ѝ горат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Александар го понуди со цигара која мирно ја прифати и климна со главата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Вечер сакам да ве водам на тамбурашка вечер во Петроварадинската Тврдина. Сите три само климнаа со главите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јане се загледа во неговите дебели и свиткани веѓи, а тој, лекарот, го одвива завојот, се загледа во посекотината, со прстите го допре натеченото место од бутот и почувствува нешто тврдо. Многузначно климна со глава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој климна со главата и подголтна. Подзастана, а потоа продолживме да чекориме по кејот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас климнав со главата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа само климна со спуштен поглед и зажарено лице, велејки „благодарам, пријатно“ и забрзано појде накај дома.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Климнав со главата. Слушав како жените околу нас зборуваат за себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Добраноќ, му рече тој некому климнувајќи му со главата. Се чини и се поклони.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Смешно му климна со главата, онака како што секогаш прават луѓето кои се љубезни од навика и по малку збунети од ситуацијата во која се нашле.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Пелагија климнува и црпнувајќи ја Пеличка силно ја стиснува на своите гради и не чувствувајќи ја нејзината тежина тргнува пред Перса правејќи ѝ пат до широкиот двор.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На враќање, таа климна со главата, чинам олеснувачки, на мојата неукост.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Зоки задоволно климна со ќелавата главата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Значи ти си моето догорче!? - вртејќи го погледот овој пат кон Рада, која само климна со главата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така и се реши на состанокот на Партиската ќелија, нели, - се сврте кон бригадирот и овој неколку пати климна со главата, потврдувајќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
При секоја негова малку почудна постапка во неговото растење и во младоста постарите луѓе околу него климнуваа со главата и зборуваа сѐ за оној, за неговиот предедо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Без проблем, тето, - со одобрување Рада климна со главата. Ќе те заменам, биди без грижа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А јас, којашто се обидував да некако ја разберам што зборува само климнував со главата и повторував ОУИ, ОУИ...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Пелагија само климнува Така е, мајко Персо, во нејзиното срце има место за многумина, за сите Егејци, како и во твоето! Перса длабоко издишува.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Климнав со главата дека можам да станам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)