клип (м.)
На почеток оди кратко анимирано клипче за запознавање со буквата.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Михали ни овозможи на нас двајцата, при едно враќање од Крушевње, во пченките, да го почувствуваме студенилото на пиштолот, а и пукотот што се раздроби низ високите дебели пченкини стебла нагроздени со тешки клипови активиран од нашите прсти.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сите крадат, ама вие претеравте. Давате фактура за променети клипови, хилзни, лагери, запчаници, гарнитура дихтунзи, отворам, сѐ лага, сѐ старо.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)