клуб м.

клуб (м.)

Од македонскиот клуб ми кажуваат дека почнал големиот лов на луѓе и на Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првиот конфликт го имаа токму во клубот кај што пушташе музика.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Подолу потписнициве велат: „Поради жалните резултати од таквото разделување на христијанското население во Македонија на разни групи непријателски настроени едни спрема други, ние уште пред издавањето на весникот „Балкански гласник“ се обидовме во вид на литературен клуб да основеме кружок што би имал за цел да ја обедини македонската интелигенција во Србија во едно цело, без разлика на убедувањата, и кој би се грижел за создавање единство на мислите сред македонското население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се јавуваше по клубовите да резервира сепаре, мавташе со мозокот на сите страни сакајќи да се докаже пред девојките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Можеби беше љубоморен што во клубот сум изложена на многу машки погледи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кладилниците имаат продолжено работно време и имаат повеќе муштерии од ноќните клубови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наредната година се запишав во младинската школа на градскиот фудбалски клуб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со Дарко обично се наоѓаа во Кабаре Златно славејче. Ноќниот клуб беше голема визба со неколку соби и еден дрвен шанк.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Митревски во установата работеше со договор на неопределено време од 1988 до 2006 година, односно 18 години пред да настане работниот спор – на работно место угостител -келнер во склоп на Клуб- кафеаната при НУЦК – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Точно толку беше влегувањето во клубот, педесет марки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Работењето во Клубот, ми одеше малку тешко. Не беше тоа како келнерската работа која ми беше добро позната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се отвори велосипедски клуб. Станав велосипедист.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
119. Весникот „Балкански гласник” излезе само во 8 броја (7.7-25.8 1902) како орган на Македонскиот клуб во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе