кобила (ж.)
Раскажуваше дека неколкупати ја поминал таа далечина на својата кобила.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И отишол водејќи го ждребето на улар и не вртејќи се да види со каква мака бегот ја задржува кобилата на работ на својот овоштарник со доцна процутени јаболкници.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во тоа зло, во тоа заедничко живеење, децата научија како се тели кравата, како се ждреби кобилата а и како луѓето доаѓаат на свет.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Наведуваше примери: кучето е способно за полово општење во втората година, а живее просечно дванаесет години; коњот, кобилата, говедата, способни се за полово општење во третата година, а живеат просечно дваесет години.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Царот си го тера своето. Ако не изѕидате таква кула ќе ве изнаденам на кол и ќе ве расчепам со кобили.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Додека ја набљудуваше жената во нејзината карактеристична поза, со цврстите раце кренати кон жицата и со истурениот широк задник како на кобила, тој за првпат забележа дека е убава.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Власта, онаа вистинска, го заборавила селото, ако продолжи вака ѓаволот ќе дојава на кобила од чии ноздри ќе капе болештина, чума или такво нешто, потоа ќе се лепи за добитокот и за луѓето, мислеше некој од нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А кога дојде свети Атанас зимен и Спасовден, Стале од двете најблиски и најголеми села, не само што собра пари за два манастира, ами направи веќе и булук од 150—200 овци и кози, подарени „за здравје“ и три четири телиња, една две крави за домазлак на манастирот, та дури и една кобила и пет кошари пчели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жената неколку пати, како кобилата опашката кога се брани од муви, ја подаде раката назад, но девојчето не престана да ѝ додева.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
На еден крај од пазариштето како поодделна од другите продавачи стоеше голема група од селани со разна стока; говеда, волови, коњи, кобили, магариња.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Не мочај се сега, кобило! — За тебе ли да се стискам?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ако немаш видено - на!” му реков и му приведов кобила.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Високи, стројни, дури и кобилите опуљ вртеа, а камо ли моми... Мажи, а не како тебе, ебате, кускуле...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)