кожув (м.)
Но и под антерија и под кожув крастите се ширеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во соседство живееја две верверички на слична возраст. И двете имаа прекрасно дебело светливо топло кожувче и голема опашка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И покривајќи го заспаниот дедо со својот кожув, дува презриво низ нос.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ме завиткале во кожи, во кожуви и ме кренале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа, минувајќи како сиромашни муслимански аџии, им објаснувале со турски зборови на Турците дека се со кулаклии а најстариот со наџак за да се одбранат од арамии и, штотуку дошле во својата куќа, се наметнале пак со кожуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под неговата мечешка снага, покриена со тежок кожув од црна јагнешка кожа, болно закрцкува расклатен стол.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Облеката и изгледот, освен се разбира оние на Леон, во неговото семејство беа традиционални, на главата машките членови носеа штрајмели, капи од кожув, на лицата имаа бради, а покрај образите им висеа долги свиоци коса, Шабат и годишните празници строго се почитуваа, а јадењата се подготвуваа по рецепти и начини едноставни и скромни, како на село.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Навистина, кога ќе фрлеше поглед на кај планината и покрај тоа што изгледаше како некое огромно животно премрено под белиот кожуф, таа насетуваше матна радост што ја враќаше во родното село со планините околу него оти годините поминати во рамната земја ги имаа израмнето со хоризонтот на нозете.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пред сите тие луѓе стоел крестоглав човек со чабав кожув и се клештел со љубов за пролетната топлина или можеби не можел да ја поднесе сончевата штедрост; не се смеурел, лицето му го брчкала исцрпеност на каменоломник а неговата старост не можела да се прочита ни од очите ни од жилите на вратот и на рацете.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На нивните кожуви се леела студена сончева светлост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оделе претпазливо кон челната двоколка и не знаеле дали гологлавиот човек со попска мантија под кожувот е мудар советник на туѓоселани или е дневен грозоморник што им смислил стапица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие ги исфрлија сите работи за кои мислеа дека се непотребни и така даровите слегоа на еден кожув, дванаесет рала чевли, седумнаесет разни шамии и шамивчиња, седум крпи за лице, два минтана, четири минтанчињаа, две капи, пет тулбени и две градски кошули за некои братучеди од Тиквеш коишто носеа градски алишта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зајачето Шарко имаше име што не беше вообичаено за зајаците, но кожувчето толку му беше шарено, па само тоа име му прилегаше.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- И го завиткавме во платна, во кожи, во кожуви, оти беше многу тепан, сета мрша набиена...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го облекол кожувот, ја зел секирата под кожув, го пикнал пиштолот в пазува, ги префрлил дисаѓите преку рамо, божем се токми за на пазар во Прилеп, и излегле со ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Свирнал. Ежот, затреперувајќи во својата претпазливост, плашливо ја спроврел од игличестото кожувче малата муцка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- За дедо ми прикажував. Отако го закопаа, третата ноќ дојде дома и побара да му го дадат новото кожувче. Му било студено.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Онисифор Проказник се истанчуваше како да истекува од маслосаниот кожув.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)