козји (прид.)
Соседите ни носеа по канче козјо млеко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во ноќта повторно се разгори, пламна козјиот проблем.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Еве сега повторно и непотребно ја заплеткаа целата земја во тоа проклето козјо прашање.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Често ќе добиевме чаша млеко или парче леб со козји кајмак.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кој да му го фати крајот на ова сплотено козјо племе?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се одѕива шумата од козјо мекање и од човечки гласови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веста за белата козја инвазија се рашири низ градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Три сенки бараат и наоѓаат козји патчиња во мракот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Една голинка кај што и козја брбушка не стои.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го бараа главните идеолози на партијата и изградбата на социјалистичкото општество кои ја предизвикаа козјата трагедија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Потоа го купуваме нашето брашно од бегот за козја пастрма, за овци и за волна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но меѓу оние што беа за радикално решение на козјото прашање – за уништување на сите кози, не доаѓаше предвид никаква отстапка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите како да ја очекуваа козјата апокалипса!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некој рече дека козјото млеко било лековито и ние почнавме да ги фаќаме заделените кози.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)