компонира (св. и несв.)
На возраст кога другите деца почнувале да ги учат игрите, тој почнал да компонира, без сомнение принуден на тоа од својот татко.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Оваа работа во оркестарот подоцна му била од голема корист во компонирањето.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Прилично е уникатно што Бетовен, чија природа во целина била длабоко религиозна, иако не се поврзувал со ниедна црква, порано не се посветил на компонирањето миса.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој компонирал секаков вид музика, инструментална и вокална, симфонии, опери, итн.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
По темперамент, Бетовен не бил приспособен на оперското компонирање.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во такво искушение не биле доведувани при компонирањето религиозни дела, бидејќи од овој извор не се очекувал приход.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Изненадувачки, во тоа време, а и уште многу години потоа, Хајдн не ни насетувал дека неговиот ученик некогаш ќе претставува значајно име во компонирањето музика.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Неговите мисли честопати оделе кон религиозна музика и му било лесно да компонира во овој стил.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Повремено настапувал во јавноста, а исто така одржал и неколку часа, но неговото време во најголем дел било окупирано со учење и компонирање.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во една пригода, некој положил пред Бетовен ракопис од еден квартет, кој штотуку бил компониран.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Компонирањето, кое за Бетовен никогаш не било лесна работа, во случајот со Фиделио било потешко од кога и да е.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Пред Првата симфонија, Бетовен веќе имал компонирано десетина или повеќе сонати и бил во позиција да го искористи стекнатото искуство.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Со четири филмски фонографи можеме да компонираме и изведеме квартет за мотор со внатрешно согорување, ветар, чукање на срце и одронување на земја.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во оваа пригода тој импровизирал на темата од австриската национална химна, неодамна компонирана од Хајдн, добро позната во оваа земја преку нејзиното вметнување во Химналот на Протестантската епископална црква, под наслов „Австрија“.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Неприродно е таков човек да гледа на подучувањето поинаку освен како на макотрпна работа, и би чувствувал дека така потрошеното време можело многу подобро да се искористи за компонирање.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Освен неколку крупни кадри, поголемиот дел од сцените е компониран во широкиот лак на масата за вечера и плановите на кујнската послуга, кадешто е остварена раздалеченоста и контролирано растојанието.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Фиделио“ дава добар пример дека оперското компонирање, ако се разгледува строго како музика, не е највисоката форма во која уметноста може да се прикаже и дека, само по себе, не е толку строго ограничено на доменот на музиката, како што е тоа случајот со симфонијата, или со различни форми сакрална музика (на пример, ораториумот или мисата).
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Компонирам кратки еротични филмови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сакам да речам, многу нешта ја компонираат целината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)