комфор (м.)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вчудовидени сме од комфорот, од најсовремената опрема и високата услуга на целиот персонал. А сметката?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Војната е начин да се разнесат на парчиња, да се истурат во стратосферата, или да се потопат во длабочините на морињата, материјали кои поинаку би можеле да бидат употребени за да им овозможат на масите премногу комфор и, оттука, на долга патека, да ги направат премногу интелигентни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се чудев кога се откажа од стипендијата за странство, само нему да не му се наруши комфорот. И, што постигна?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Големиот бунтовник денес живее во потполн комфор во еден од најексклузивните и најскапи делови на Беверли Хилс.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не верувам дека е тоа поради комфор бидејќи целиот ваш став гравитира кон некомфорност, но тука има нешто.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Комплетната колекција на комфор стана мртов капитал.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)