корекција (ж.)
Еве на пример, во секоја гимназија, училиште, градинка или јасли виси по некој слоган од типот „Обиди се, обиди се пак, обиди се поинаку, воочи ја грешката и обиди се со корекција, обиди се на некое друго место, обиди се со други луѓе - но не престанувај да се обидуваш!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Орце, како добар познавач на математиката и геометријата, успеал да изврши корекција, но тоа наложило проширување на каналот, што ја зголемувало опасноста од уривање на земјиштето.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Не, знам - високо есенско кроење на четири или пет окца, а напролет ќе извршиме корекција, ќе ги оформиме грмушките.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Како река - ама никогаш не стапнуваш двапати во иста вода“ - помисли Влатко, кој во близина собираше пресечени гранчиња од пролетното кроење, всушност, чичко Темелко вршеше пролетна корекција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во периодот од една година направивме извесни корекции, главно, во поглавјето „Транскрипција и транслитерација на туѓите имиња на македонски“, и тоа во следниве јазици: албански, латински, полски, португалски, санскрит, турски, француски, шведски и шпански.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Секоја од транскрипциите/транслитерациите од соодветните јазици претставуваат своевидни авторски студии, во кои Редакцијата учествуваше со корекции, главно, од технички карактер (скусување на примери и намалување на пообемните објаснувања), па оттука и неизедначеното претставување на секој од јазиците одделно.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Тогаш и одлучив дека не треба да пристапувам кон корекции на одделни делови на книгата туку дека е потребен нов пристап кој веројатно ќе овозможи создавање на дело какво што имав намеара да напишам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А, пак, жалбата на тужениот делумно се усвои – со што, при преиначувањето на диспозитивот т.е. изреката на пресудата, дојде до мала корекција на сумата на име трошоци – имено, таа беше зголемена, па наместо првично досудените 280 ЕУР, таа сега изнесуваше 450 ЕУР, а не како што бараше адвокатот 725 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Подоцна, главно врз основа на ваквите тонски записи, како и врз основа на своите прибелешки и, по потреба, дополнителни телефонски контакти – интервјуерите изработуваа основна т.н. наративна нацрт верзија на интервјуто, која потоа, во електронска форма, му ја испраќаа на уредникот, со цел да се извршат евентуални корекции, исправки или дополнувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нема никакви шанси за корекција во некој друг, небески свет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)