коскест (прид.)
Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Прстења имаше четири, со камења во разни бои и се мрдаа на коскестите прсти како алки на стап.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Од Преспани се разликуваат не само по зборот, туку и по изгледот. Имаат црна коса, коскеско лице, испупчени очи и орлови носеви.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дине, онака сув, коскест, повисок од другите, црн како црниот ден, како црната кал долу, ја врти главата лево десно чиниш сега сосема си доаѓа на себе, како да се разбудува од некој долг сон што никако да го напушти па не знае дали ова е нешто ново во неговиот живот или оваа слика е стара и сега само му се повторува!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)