коџабашија м.

коџабашија (м.)

Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најпосле здивна малку кога се сети на Најда Коџабашијата, кој беше човек умен и разбран.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, дал господ диви луѓе што не мирисаат нас Турците, та да не сретнат мене сам некаде, да одерат на стари години! — се приближи со дикат Арслан до темата за која го викна коџабашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште така наеежен, коџабашијата се вџаши и ожолте како восок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Адет е да се пие. Сакаш ли да пиеш, коџабаши?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Коџабашијата тоа го одгатнал вака: — Турците видоа дека од осум куќи село купија седумдесет волови. Значи селово е богато!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Иди, доведи тој магаре коџабашијата да видиме што ќе речит на овој лав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека вака се разговараа коџабашијата и поп Ристе четите лакомо јадаа на „Студена" од донесените печени брави и топол леб, кога по ридот одозгора се зададоа двајца селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакавте да бркате мене и Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе раѓате, дури не се умирит овој пис милет, — им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат од зулумите на дивите Анадолци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ПОЦКО: И владиката е сила, ама и коџабашијата...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аир ефендум, откај знаеме ние кој го направи, — во еден глас одговорија осумте души одборници на чело со коџабашијата Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека тие се советуваа какви мерки да преземат, Ибраим го дотера коџабашијата Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, драскал ефенди! Ќе правиш кумпанија на попот и коџабашијата или ќе ги оставиш сами?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе