краста (ж.)

Но и под антерија и под кожув крастите се ширеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само да пукаат и да ми се прават красти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Проклетството продолжило: крастите се ширеле и од другата страна на кожата. И мозоците им се расцветувале од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашата молитва ќе ни ја прочисти душата, вели, и ќе нѐ спаси од сите красти и болести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Газиме преку батаци и мртвици, се искачуваме низ красти и скрки, низ проретчени шумички...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во срцето на дрвото, црвот Му ја гризе срцевината, Дрвото вене и темнее, Красти му ја смукаат топлината, Крај листот чучулига слета.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Неизвесноста ти била жива краста: колку повеќе ја чешаш, толку повеќе те јаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добитокот се подмладувал; крастите на шиите им зараснувале од треварски мелеми и од церовита топлина на човечка љубов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од двете страни е на грмадата од планини , повеќе во карпи одошто во красти, меѓу нив е бунарот на небото по кое се расцветуваат и прецветуваат од облачиња во пропатување, а ти си сред еден усој во кој сонцето само ќе наѕре и зиморливо ќе се скрие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сиот папок му беше изеден од красти.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Море, краста и орлови нокти да ви даде господ вам на таквите! Од вас си страдаме и ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ова не ќе излезе на добро, му велам јас на Јона, ова мора да донесе некоја болест, му велам, или некоја чума или краста, му велам, сушна година или вошливо време, му велам, или пак некоја долга војна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можеме да го фрлиме од краста удоле, да го стркаламе по басамаци, да му кркнеме нож во грб, жив да го закопаме, да му скинеме глава на спиење, да му исшмукаме крв, да го продадеме на турски силеџија, да му скинеме една дојка…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Толе Паша се има поткажано некаде и агите — ајде по села за Кркање, краста да и јаде — одговори некој од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едо Бранов, во текот на седум години, имаше целосно престанато да пишува (освен по некој расказ одвреме-навреме) така што пишувањето, таа краста, веќе имаше почнато сѐ посилно да го чеша.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Краста, стрико, краста господ да ви даде и орлови нокти да се чешате и во гробот кај шо ќе легнете!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Биле начнати, крастите не можеле да им ги излекуваат ни со стопена лој од зајак, ни со лист од тегавец, ни со бајачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Нека го, нека, нека си а гледа господ неговата краста, немој нам да не гледа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе