кредитен (прид.)
Со кредитни јамки во неколку банки македонски маки, живот африкански од денес за утре, од утре до вечност косата белее од премногу чесност Платата доцни, денови грозни да наполниш туѓи паркови возни за дворови нечии да оставиш коски за газдите сурови, безмилосни, прости Жената бесна, нема за фризер притисок качен, желудник гризе живот на рати во џебот суша сметки за струја тежат на душа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
А тој убав, со прегради, добро организиран, со фотографија од децата и кредитни картички кои имаат улога: од една вадиш, во друга ставаш и обратно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Само мал број на рекламни пораки се однесуваат на патувања (одмор за телото!), избор на кредитни картички (со кои телото ќе плати сѐ што консумирало) и слично.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ние имаме, во банкарски жаргон, „кредитна историја“, што значи земаш, па почнуваш да враќаш, прво уредно, па потоа со мало доцнење, па доцниш 90 дена и потоа добиваш нов, со кој го затвораш стариот и раат си.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дом стана сеприсутен збор во секој каталог во секоја маркетиншка кампања. Sony и другите нудат домашна забава, комуникациските компании ви помагаат да останете во контакт, а кредитните картички ви сугерираат дом во странство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тие прават разни скаламуции со броевите на кредитните карти, телефонските пораки и автоматските информациони машини. Св. Витус вели дека компјутерите целосно управуваат не само со болниците, банките, воздушниот сообраќај и со системот за итни повици туку и со превозните системи, семафорите и водоводните и електрични услуги - буквално секој систем што вклучува голем број на луѓе и богатства.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Парите ќе станат кредитна карта која ќе се заверува секој месец.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
РЕВШИН: Алексеј Максимович, јас не сум упатен во вашите кредитни можности.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)