крешти (несв.)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој поглед што викаше и крештеше во исто време, плачеше и молеше - ги пробиваше градите и го параше срцето на Питу.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)