критичен прид.

критичен (прид.)

Увидот е критична фаза, кога решенијата често се јавуваат “во вид на блесок”, и можат да бидат проследени со големо восхитување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Воени сили беа поставени на критични места во земјата и во градот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега можам само да жалам што најчесто му повладував, не бев критична и не се обидував да го доведам на место, што се вели, и така на вештачки начин му создавав чувство на поголема вредност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако е машко, нека го скроти езерото бидејќи состојбата на галебите е критична: колку поголеми се брановите, толку подлабоко се рибите што се познава и по изгладнетите гракања на галебите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Трансверзалата се спојува само во критичните точки, каде што се испреплетуваат сонот и јавето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Татко беше свесен дека и покрај избегнувањето на непосредната опасност семејството да биде интернирано во некој фашстички концентрационен логор во Италија, поради неговата непомирливост со фашизмот, да се сочува главата над рамена во критичните времиња, беше свесен дека зад границата требаше со семејството да ја влечат емигрантската судбина, долгиот пат на здобивањето со лојалност во новата земја.
„Граница“ од Луан Старова
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јаничарите како и језуитите биле жестоки кон папскиот и султанскиот трон, но без нив во критични моменти тие не можеле да опстанат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да, знам, тоа би било сосем потсвесно и не толку грубо, но просто малечка мислена супсидија во критичниот момент...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таму има премногу работа, а бројот на населението од интерес за неговиот домен таму е најголем, додека традициите, според тоа и критичните врски со останатото население, најдлабоки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На 29 април битолскиот валија ги посетил конзулите на големите сили и им зборувал за критичната ситуација во која се наоѓал Вилаетот поради четничките акции и подготовките за востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Штип технички му се допаѓа повеќе, местото е помало, помирно, полесно за обработка зашто се работи за неколку стотини лица од критичната популација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во изборот, молчаливо, студентот пројави критичен однос спрема вкусот на својот постар колега, зашто посочи сосем други работи од тие пред кои овој особено се задржуваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Возачот Бешир конечно го нема. Ситуацијата е сигурно критична, ме предупредува Гзиме испраќајќи ме со децата кон споредната порта на резиденцијата, каде што е обично паркиран темно-синиот мерцедес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На сите три им беше јасно дека положбата е веќе критична...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Откако се премости критичното време со козите, спасителките на нашите животи, со златникот на дедо, во кој беше собрано сето наследство кое ни беше земено, а според Мајка, вратено од добриот Бог, па се спасија нашите животи од гладувањето, со Мајкиното жртвување да работи како касиерка во киното „Балкан” – требаше да настапат посреќни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе