крлеж м.

крлеж (м.)

Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прибери Господе отровници змии гадости шират од устите гнили сенилни крлежи, грди фосили платени гниди од странските сили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И го собирам угризот од јаслите, ја требам од крлежи околу вимето и пак се враќам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Она што во меѓувреме успеа да го дознае за тој крлеж, го дотепа: дваесет и две години, единец од богата фамилија, декоратор на излози по модерните дуќани, проследен со невнимателни озборувања за неговата бисексуалност и добро втемелениот углед на платен утешител на омажени госпоѓи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се наѕираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крлеж. Многупати и од сонот не го вадам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Друг, пак, подуен како насмукан крлеж, јадеше сѐ до што ќе дојдеше во домовите на своите засонети граѓани, притоа испуштајќи сладострасни издишки и кркорења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Но тој сакал да легне врз туѓо женче. - Им веруваш на крлежине.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Крлеж! Јас ќе му покажам ... му мавна со рака да дојде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кожата на лисицата ја дупчат секакви крвопијци, крлежи, болви, вошки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е баш си крлеж, - го оттурна Горда, како веќе да се потпикува во неа, и заводливо насмевната отиде во кујната да ја подготвува ладната вечера.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Страв ми е дека толку ќе се пикнам во тебе што не ќе можеш да се ослободиш од мене. Како крлеж.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
КРКАЧ - Хорор пр.: Еден крмнак мирно си кркал кори од лубеници, додека него самиот го кркале крлежи, што и не е најважно. Во еден момент кројачот Дејви Крокет му дошол на крмнакот и му го кркнал ножот. Свињата почнала да кркори, и толку.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Лајм заболување“, рече таа. „Лајм заболување.“ „Се шири со каснувањето од крлеж. Тие се плеткаат низ тревата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЕОДОС: Крлежи, крлежи, пијавици! Крвта ми ја испивте!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога ме прегледале, веројатно лекар, констатирале дека во увото имам крлеж.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе