крошна (ж.)
Во крошните на жалните врби гулаби диви, гнездо вијат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ѓаволско време, шепотеа луѓето и бегаа под крошните од дрвјата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Само прозорците се отворени за да може да се дише и гледаат кон убаво дотераните тревници, однегуваните стебла со високи крошни, на фонтаната и куќичката во паркот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Само крошните на многулетните дабови беа единствена заштита од горештината.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Под сенката на нивните разгранети крошни беше тихо и пријатно.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Слатката детска насмевка, ги потиснува сите темни дамки, сите мигови што носат чувство на немир, во крошната ја оставам нејзината прегратка, за мирно да спие, со слатки сништа, чедо мое...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ореовата крошна го прекриваше речиси целиот двор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Планините реките, езерата и огништето дедово кај искри пламен во тенеќе кофа кај пуканки пукав, под крошните од црница тутун жолт, лист по лист си нижев... и овчарска торба со погача мека, сирењето зрело од баба ми праг..
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Последните зраци што успеале да си најдат проѕирки низ големата крошна на брестот што стражари пред фабриката Мичурин, се имаа раздробено во безброј златни зрнца по нивните коси и алишта.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Остани во растурените крошни, од полноќната тишина, остани да ги негуваш, моите ретардирани пориви од болката по тебе...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Издробените грамади се товареа на железната крошна во која ме спуштија во тунелот под земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Го кренав погледот кон дрвото од чија што крошна се истураше празничната музика кога наеднаш ја здогледав индивидуата потпрена на стеблото и загледана во нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со густежот на својата крошна ми го заклонува лицето од врелите зраци на сонцето.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Впрочем, сите кровови се покриени со трска; врбата, дабот и двете јаболкници се навалија врз нив со своите широки крошни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се напиња, се грчи невиното во крошните, како невидливите жилички на семенката дури ја пробиваат земјата за да излезат на виделина.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Низ растурени крошни од зрело класје, штурецот мелозвучно од утро до вечер пее, ли пее уморно селанецот, клас по клас житото си жнее...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)