кука (ж.)

На зградите се развеаја знамињата со кукаст крст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На нејзе беа двајца војници со германски униформи на чии капи и еполети јасно се гледаа фашистичките кукасти крстови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секоја материја во суштина е замрзната информација, без разлика дали е тоа стол или црн дроб од човек или кукаст крст.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Умрените се носеа завиткани во ќебиња, во веленца, на тезгериња, или на колички и се фаќаа со дрвени куки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
12. ЌЕ НАПРАВИ ТОЈ ДВЕ ВРЕТЕНА ОД ТРИ БУКИ - страшното е штом се додаде: И ТИЕ КРИВИ ЌЕ СЕ, зашто тоташ ќе се појават две жалосни куки што ни јаже не ќе издржат човек да се беси...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Има нос со совршена форма, ни прчест ни кукаст, и кога ќе застане пред мојата машина чувствувам мирис на мистериозна колонска вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На едно јако дрво, префрлено од едната греда на другата е наврена алка од дебел синџир, со две куки на долниот крај за кои се обесуваат котлите за топлење вода. Тој синџир е „верушките“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едниот можел да му биде одраз на другиот, два глечера од кои, по топењето, земјата меѓу нив се закитува со рубинени боболки, капки на бол и мачење достојни и за најкрвава царска круна од времето на Римјаните и подоцна на Словените до последниот султан во чие царство луѓето биле бесени на железни куки или гаснеле забуцувани на кол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Како тоа кука и цврсто јаже? Што со нив?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се чинеше дека точно знае како изгледа да се седи во ваква соба, во фотелја покрај запалениот оган во каминот, со стапалата на оградата и со чајник закачен на куката: сосем сам, безбеден, без никој да го посматра, без глас што го следи, без секаков звук освен пиштењето на чајникот и пријателското отчукување на часовникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
3. Нерамна игра Триаголниците поаѓаат од ист центар квадратот го ништат, правиот злокобен агол еве ја шестката – превртливиот и бескрајно лажлив круг со кука со јаречки рог на врвот наполу слепи, наполу видовити прстите кратат очите врзуваат но, ја преминат ли/ кревката мрежичка на видливото заборават ли на Играта, Домине ќе гргнат невидливите нумери сефироти, корени и децимали деливи и неделиви ќе го скршат јајцето под конец бележитото ќе го издвојат и неверното фикцијата од тристашеесетишест степени ќе ја расцепат на две-три-четири ќе добијат полутки опозиции, ѕвезда до ѕвезда квадрат во квадрат – круг магија, вавилонска перла ниска по ниска алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го гледав од скалите овој жолтообразест човек, со брада како мов, и еден нос подаден напред, искривен како кука на ченгел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кукаст крст на амбасадата на апартхејдовска Јужна Африка во Лондон.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Ќе те најдеме подуен. Ќе пукне јажето ако се обесиш. Или ќе се обесиш како што беселе јаничарите - на кука.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Направите од кука нога — од камен глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, шо правиме синко, од кука нога — од камен глава, шо има да правиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе