ламба (ж.)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бледата светлина од ламбите на голите ѕидови им ги отстранува цртите и им ја изедначува бојата на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жолтото јазиче на пламенот се извиваше и бараше излез од стаклото на зачадената ламба.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го гледа нејзиното лице и градите обилно осветлени од ламбата ставена пред неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Преку тенките кожени прегради очите ја сеќаваат розикавата и тешка светлина на ламбата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Светлината од жолтата ламба среде татковите книги со ноќи не догоруваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некој го удри шишето од ламбата и каушот потона во темнина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Помошникот им додаваше батериска ламба на посетителите коишто приоѓаа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој се наведна над ламбата и ја запали. Како да го стори тоа со врелината на својот здив.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога се вративме дома татко ми остана долго да чита во ноќта. Никако да згасне жолтата ламба.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа една мува се одлепила од таванот и паднала низ шишето на ламбата. Право на фитилот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тука, под замаглената светлина на батериската светилка, ги проверуваа воените и офицерските книшки и потоа со тивко шушкање се подигнуваа гранките и ги пропуштаа дојденците во тунелот осветлен со две газиени ламби.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А и ние знаевме, таа око не склопуваше додека зрачеше жолтата ламба од татковата соба.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Светлокосиот ја изгаси ламбата, а по тоа полека се истегна и тој на сламата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Можеби за роденден ќе му купат работна ламба - слична на онаа со зелен штитник.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А сепак, бесот што притоа се чувствуваше беше апстрактен, никому неупатена емоција, која можеше да се пренесува од еден објект на друг како пламен од ламба за заварување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сопственикот штотуку запали една висечка газиена ламба која испушташе некаков нечист, но пријателски мирис.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Малата вештерка лета околу ламбата и фрла сенки по намуртеното лице на татка ми.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)