латиница (ж.)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Живеејќи во две времиња на Балканот и во Цариград, во османско и во турско, Татко ќе се најде помеѓу два јазика во потрага по еден, помеѓу две азбуки, арапската и латиницата, помеѓу два света на зборови, без утврдени граници помеѓу нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Добро ни дојдовте“, стои на еден транспарент, напишан со латиница, распнат на гранките од едно дрво.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Транскрипција и транслитерација на туѓите имиња Холандски јазик 389. а) б) в) г) д) ѓ) е) ж) з) ѕ) и) ј) 276 Холандскиот јазик се зборува и во еден дел од Белгија, каде што се вика фламански.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Некоја женичка стигнува до него да ѝ напише адреса на латиница на плико, други пак, кои постојано испуштаат зборови преку своите муцки а тој ги заробува на хартија за да можат да прескокнат граници, мориња или океани.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)