леа (ж.)
А таа се движела чудно згрбавена над леите во кои ќе сади арпаџик или лук и, иситнувајќи ги секаквите грутки ѓубре со прсти како со грибло, ја риела земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се вртам: по нас идат непознати пилишта и пасат по леите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И, додека гледам како под фолии насадил цели леи вртипоп, нане, босилок, мајчина душичка, тој ми покажува дека има и сушилница за билките, горд на производството и на погонот за пакување: маса на која една жена од ѓутуре ги меша сувите растенија, ги мери на кујнска вага, ги пакува во теглички и им лепи декларации.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дрвјата со голи гранки. Леите со цвеќиња покажуваат патчиња од уличката до влезовите на куќарките.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И ќе го завлечка некаде во леите, зад грмушките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А, таа не умееше ни да ги прими, ни да се заблагодари зашто од хортикултура знаеше само да ги окопува леите во дворот и да засадува пипер и патлиџан, а во браздите што ги обрабуваа плодоредите да сади ред ниски, ред високи цвеќиња... од најселските.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Потоа со дурија ископаа да се изедначи и така ја подготвија леата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Утредента по добро двочасовно возење стоеја пред една широка капија од ковано железо, зад која од внатрешната страна чавкаше пикинезер. Од куќата се слушна глас: - Леа! Доаѓај ваму! - по што послушното кутре престана да лае.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во воздухот вее издишката моја Во земјата пее искрата моја, Со која семето го садев, со која Леите ги вадев, издишката моја.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таму е леичката, во присојот, баба не ги расадува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Потоа видел како Фиданка Кукникова со раце расфрла по леите пред куќа црни грутки од куп арско ѓубре.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Просторот е интензивен, прета и забрзано дише, но сепак е контролиран: тука саксија со петунии, тука леа со момини солзи.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тревникот беше обрабен со цветни леи, главно со перуники и кринови, првите веќе прецветуваа, а вторите беа во полн цут.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)