лее (несв.)
Луѓето околу него слушаа занемени од големата болка што ја лееше кавалот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа пак не држеше никаква пизма, дури како добра комшивка почна често да му ги лее стомничките вода.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го загледуваа светот во кој сега лееше дождот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Жегата правеше да се лее пот и на копачите им требаше многу сол.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бессолзните очи од тешка тага ко жарови беа; бидејќи го пресуши изворот тагата жешка - немаше солзи да леат.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Од арамиите се спасил само еден. Отишол во некој манастир и, за спас на душата, братски му оставил на игуменот торба злато, да го топат и да леат олтарски двери на кој ќе може да се види историјата на светот...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега знаев дека до празникот, до кој остануваа само уште пет дена, не ќе може да се лее. Сеедно!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Штом музика слушне таа веднаш пее а гласчето малечко далеку се лее.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Везден одам, везден траам, везден судни маки чмаам... Глава веднам... С’лзи леам и сред лути рани тлеам.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Лицата им ги красеа широки насмевки, нишки од среќа им висеа по образите и знаменца од радости над главите им се вееја, стихови лееја, песни пееја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бистрата водичка како сребро се лееше низ каменот, паѓаше надолу и чудно едномерно гргореше...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
О сонце, колку светлина ти прскаш уште рано, и како лееш светол зрак!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Лејте очи, с’лзи жешки, гини срце, в рани тешки!
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Таму, на сретселото, на чешмата, завари неколку момички, во друштво на помали братчиња и сестрички лееја вода за вршачите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ја фатил секирата за рачка и вика: ״назад, не гази ја тревата моја, оти тука пот и пот се леало. И моја пот, и од татка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко гласник на несреќата при неа Толе влезе, леејќи солзи како дожд.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Илјади години тој таму стоел, векови леел дожд; векови цели јачеле бури, сечеле молњи, со силен огнен нож.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Леар е по занает, леел бомби за Ерменците - револуционери. Сега ќе лее за нас.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)