леснотија (ж.)
Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Исти движења на рацете и телото и иста леснотија во одењето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тежината и леснотијата на животот, сплетена во активностите на дождот и во секојдневностите на луѓето, беа само едно обично полнење и празнење на енергии и ништо повеќе и ништо помалку од тоа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со каква неподнослива леснотија си проигрувавме со времето додека беше жива не знаејќи колку ќе жалиме, еден ден, поради тоа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со тек на време леснотијата навистина станува неподнослива...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Погледите кон бескрајните далечини нека нѐ полнат со живот, фасцинирани од просторот и леснотијата на енфермелот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Така и Господ, си помислив, трудејќи се и премногу околу најамбициозното создание на својата правдољубивост, Човекот, гледајќи го од височините, ни не претпоставувал, со каква леснотија таа негова творба долу на земјата ги погазува основните начела што тој му ги оставил како своја порака.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Пустина во која култот на автомобилите, вискито и мразот се одвива секојдневно: феномен на леснотијата покрај фаталноста на пустината.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Бележи како душата со леснотија се сели во други суштества...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Еразмо првин се изненади од леснотијата со која старецот се одвои од својот дијамант, но веднаш потоа се прибра и рече: -Не, јас не сакам материјални богатства.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со леснотија ги отвара кантите за ѓубре независно дали капакот е на жабици или гвинт.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Додека одев кон своето место, го уловив погледот на Луција: таа насетуваше некаква крупна промена кај мене, оти никогаш порано јас немав задоцнето, ниту пак разговарав со таков циничен, препотентен тон со некој наставник; ме гледаше од ниско, и јас знаев дека меѓу нас е готово, дека мојот циркус е посилен од нејзината Партија; од друга страна, покрај неиздржливата болка дека ја губам, дека поминувам во еден друг свет, дека се реинкарнирам уште при живот, чувствував една неподнослива леснотија на постоењето, една слобода која ме опиваше: јас го имав, наспроти овој дисциплиниран клас, мојот циркус, и мојата Ина, со која за една ноќ бев полбизок одошто со Луција за четири години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако сите три сфери на тешката леснотија – облаците, снегот и маглата – се претворат во течна состојба, би се добило вода, со благи кругови на површината, кои рамномерно се шират, од нежниот вртеж на планетата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И види, вратите на шифоњерот се затвораат со леснотија, бил вишок.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Иако не можеме без нив. – Повторно со необична леснотија, патникот се истовари од таксито и свиркајќи некоја старинска мелодија („Само еднаш се љуби“!, му текна додека се враќаше во рикверц) се упати кон театарското бифе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Со леснотија здивнавме кога видовме дека стигнаа првите санитетски коли и застанаа пред салата за приредби, сега преадаптирана во сала за сегрегација. Сите живнаа, го снема немирот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А еве, сега, речиси по половина ден од онаа леснотија со која бев исполнета, преполна сум со страв, со лоши претчувства, иако божем сум насмеана!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Дали мислите дека кичот е типичен производ на комунистичките системи? - ме запраша мојата американска студентка по предавањето за романот на Кундера, Неподносливата леснотија на постоењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)