лигав (прид.)
На вратата ме чекаше лично тој, Величковски, со неговата позната лигава насмевка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во моментот кога човек ќе сфатеше дека е веќе неспособен да ги разликува зборовите по вид, род и број, кога ќе станеше свесен дека тие се претвораат во лигав куп бесмислени звуци кои за него немаат никакво значење, тогаш знаеше дека нема враќање.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Знаеш, миличок, тој не беше од оние посрани интелектуалци Нес Мееш, кои по искуството со болната тупаница, постојано се пипкаат по стомакот да не им се прекине лигавата папочна врска со строгата Мајка Татковина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Вреска ко јаре и го собира лицето, ја брчка лигавата кожичка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Некако целиот смекнува како пивтија и лигаво ме замотува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Некоја лигава влага ти се фаќа за косата, за облеката, ама пак ти е убаво. 9.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Долго не можев да заспијам, замелушен од рајот глетки од праисторијата, во кои бронтопсот, пробивајќи се низ џунглата од џиновски папрати, во скржавата светлина на праисториското утро, без престанок ждере плодови, инсекти, јајца, корки леб, кобасици, и некои растревожени човечиња што безглаво упаѓаа во неговата расчепена, лигава челуст...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Пак се сопнав и пак паѓам, се тркалам. Запирам на нешто меко, лигаво. 88
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ ми е лигаво... Ми се лизгаат рацете...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Знаеше само дека ја сака свилата оти нејзината лизгавост не ги ограничува движењата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Под нозете го чувствував дното што не беше песочно како она на морињата, туку меко и лигаво.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Две позамашни ванглички помфрит со фета чиз (читај урда), 60 криспи крцкави крилца и 20 малце поголеми крилца (читај крилја) претходно ваљани у некој лигав сос.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)