лудува несв.

лудува (несв.)

Наместа врз него прелетува темната сенка на облакот и се губи понесена од ветриштата што лудуваат таму на височините.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Голем фраер е братучет ти, и во школо кај нас зборуваат дека лудувале девојките по него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одеднаш, во еуфоријата што нѐ обзеде пред девојчињата (цело време погледнував дали е тука Луција, но неа ја немаше; утеха ми беше што тука беше нејзината најдобра другарка и јас претпоставив дека таа бездруго ќе ѝ пренесе што видела), додека Земанек лудуваше на мотоциклот, крај оградата на патеката видов скала: обична скала со која се берат јаболка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ноќта лудува. Од сите ридови се слушаат долги митралески и автоматски рафали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
О, сладост На Новото О, убост На болното И вечното Лудување. клучар Темнеам Заспан Студен Сал мојот Клучар Темничар Буден. не се ни родив Не се ни родив Не бев Ни Бил.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Низ цела Грција веќе лудуваше белиот терор. Новата влада, потпомогната од Англичаните, ги прогонуваше учесниците во движењето на отпорот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога се умори од тоа лудување, се смири на грб замижан од сончевината, од која не го гледаше небото, а потоа, за да не потоне во тоа блаженство, заплива кон длабочината на езерото, сечејќи ги неговите благи бранови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тревките ги почитуваат пропишаните сезони, Реките не ги менуваат коритата на својата страст, А виното и понатаму лудува под жедните чардаклии.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Крвта лудува, шуми во ушите и замајува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Насекаде по кафиќите се слушаа простачките стихови на кои сите лудуваа, а земјата веќе го достигна духовното дно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Арсо се капе во врела пот. Длетото лудува и руши и земјата се сурива под колената, градите, брадата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лудувањето е моја муза, моја суштина. Тоа е лек за сите мои болести.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој ме молеше само да ја извадам кошулата од панталоните и да му го покажам стомакот, клечеше пред мене, со раце подготвени за молитва; јас му велев да не лудува, да се смири.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како што не можеш да ме натераш да играм, да трчам и лудувам. Поминало времето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А, „марките” по кои лудуваа сите мои другарки, со кои беа полни убавите излози на бутиците и за кои рекламите беа најубави, не можам да кажам дека не ме привлекуваа. Напротив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што поскоро нека пристигне тој час кога пак ќе бидете девојки, а ние кутрите ќе лудуваме по вас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дали Тулио Бути и неговата љубовница се беа сетиле на него по неколкумесечното свирепо лудување?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе