маларија (ж.)
Ја одводнував земјата и ги спасував луѓето од маларија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Судбината сакаше да ја продолжи борбата против овдешните паразитски микроорганизми, спасувајќи ги луѓето од вековната маларија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го покоси маларијата и него како многу други ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа одеше во прво одделение кога нѐ фати маларија и цело лето нѐ тресеше а потоа добив и температура.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Учителката испратила една торба јаболки и јас отидов онака истоштена од маларијата и почнав да вежбам за пеење.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Господе, да не сум добила нешто огница, што се вели, тифус или маларија?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зашто сега, кога има толку многу средства за уништување на маларичните комарци и на сите други инсекти, нема да ги коси маларијата, а со враќањето на водите, ќе им се врати и едно цело мало богатство - стопанство во кое тие ништо не вложуваа а имаа голема полза од ловот и риболовот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бегаше почесто в град, купуваше пијалоци сѐ додека не го фати маларијата; идеше лекар од компанијата, го лечеше, но ништо не помагаше; Анастас сѐ повеќе и повеќе пропаѓаше...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ние веруваме дека маларијата се добива од вдишување на загаден воздух.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)