малкумина (прил.)
Всушност, малкумина знаеле дека покрај улавите води на природата, некои се обидуваат да направат течение на духовен немир.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Веројатно малкумина го знаат одговорот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Малкумина од нив познавам, оти нема и како.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И животот има срце, ама малкумина можат да го наслушнат. Којзнае што ни подготвува сега!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили... Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така денес имаме состојба во која илјадници интелектуалци, креативни луѓе со високо развиена имагинација кои се најмени да смислуваат и измислуваат нешта за масовна употреба, да креираат потреби за нешта што вистински им се потребни на малкумина а по кои се лакомат особено оние на кои тие дури и не им требаат...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Малкумина сакаме, што се вели, но мнозина ни требаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Помага дедо Петре, за сѐ нешто треба машка рака, ама малкумина старци останати во селото, во себеси крепат сила.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Треба да се забележи дека, освен ЦК, малкумина позначајни раководни личности биле уапсени по Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но за жал малкумина се оние кои се спремни да ја запостават личната корист.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Беше предвидено, поради безбедноста, никој да не нѐ испраќа, а и малкумина знаеја за нашето заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За неговото исчезнување, оние малкумина кои добро го познаваа, молчеа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја напади мислата од својата глава со друга мисла Зар малкумина од луѓето личат еден на друг? и продолжи да си работи слушајќи како и внатре, во бараката, се работи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Калабалак луѓе потешко разговараат отколку малкумина. Молк.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Работата на (индустриските) машини на малкумина, обезбедуваат просперитет на многумината кои остануваат дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Малкумина од книжевните теоретичари му дозволуваа во проектите начинети од реч и цвеќе (антологиите) да оди рамо до рамо со крупните српски раскажувачи и романопишувачи и да ја шири аромата на остроумната мисла.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Што му одговара неговиот татко на ваквите прашања, тој кој умее да чита од ѕвездите и да ги советува луѓето, откривајќи им чудни и чудесни тајни што малкумина ги знаат?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога дознаа, и малкутемина негови блиски воздивнаа олеснително.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Зимата навистина дојде со бело и дебело платно што го посла врз целото село, врз сета рамница, ама го напика и во срцата на малкумината останати да го вардат селото и имотот на селото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)