мама (ж.)

„Ајде, повтори го тоа“ ѝ рече мама.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Не можам, мамо! - Обиди се! Ајде цртај, јас си имам работа!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На челото твое глеј, желби се бројат, во срцето врело рој желби се ројат: - Да пораснеш голем, да надраснеш џин, на мама, на тато да си свиден син.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Немаше ниту една година откако се вселивме во овој убав, нов стан и сѐ светеше во него од грижливите работливи раце на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Утрото, кога тој замина на работа, влегов во неговата соба и брзо ја барав сликата на мама со очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сакав да го прашам татко ми зошто уште ја нема мама, убедена дека таа досега стопати ќе дотрчаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имате желби да летате, да патувате, да бидете сакани, да ви се живи и здрави тато и мама, имате желба убаво да се облекувате, да имате свои книги, имате желба да бидете добри ученици, да имате добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
РАЈНА: Не плачи сине. Мама е тука. Сѐ е во ред.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Мама секогаш го набљудуваше штом ќе погледнеше кон ѕвездите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во сето тоа потсвесно сфатив дека мама и тато се отидени на работа и нема кој да ми помогне.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На полицата ја сместив и кутијата со колачи што ми ги припреми мама пред моето поаѓање за Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мама одамна го очекуваше и страшно се израдува.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ѕвездан пак се мешколи и со напнување, со триста сили, ќе ме праша: - На што лае мамо кучено, вели, на што лае онолку Чако? 171
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа мала Тања има мама, тато, баба, дедо.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Вечеравме кога кажав дека сакам да научам да сликам, и тогаш мама се изнасмеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потем се соземам несвесно се враќам со временската машина во виртуелната стварност и продолжувам да си играм да се занесувам оти како инаку ќе преживеам Мамо - не знам!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ме разгледа мајката и бидејќи немав никаква мама, ме даде на продавачот, а пак тој стави врз мене едно моливче број два, нѐ завитка и така нѐ подаде на мајката чиешто девојче станало прваче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури ниту мама не сакав да ја погледнам, кога ме замоли пред директорот и пред моите наставници да бидам пристоен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе