мандат (м.)
Тој, понатаму, може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг; д) положбата на синдикалниот претставник значително беше влошена со замената на децидната одредба од ЗРО (1993), според која тој имаше право на посебна законска заштита од отказ и од други шиканирања за време на својот мандат (чл. 83, ЗРО/93), со одредбата според која на синдикалниот претставник, за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување ако за тоа добие претходна согласност на синдикатот!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во мандатот на последнава влада и онака речиси сите закони поминуваа глатко, зошто толкава вознемиреност за ништо?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За жал по првиот мандат власта се смени, а опозицијата веќе не сметаше дека тоа е добра идеја. Штета. Затоа што само тој ден ти ме сакаше.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ваквата поделба на „мандатот” лесно го објаснува настанокот на хистеричното прашање - „Каде сум, зашто сум она што велите дека сум?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бев амбасадор на Палестина во Тунис, на државата која не постоеше, акредитиран од земјата која малку време по крајот на мојот мандат нема да постои!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Каков кошмар се најавуваше, а во кој никој не веруваше, посебно идните амбасадори, последниот ешалон на земјата која на крајот на нивните мандати повеќе нема да постои!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Теоретско-практичниот ангажман мора да се растовари од оној преземен мандат - историското легитимирање на критиката - кој ги влече своите корени од свенатата традиција на просветителството.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Заштитата пред отказ за „синдикалните лидери“ трае цело време за времетраењето на мандатот и најмалку две години по престанување на мандатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така до крајот на својот доживотен мандат Р можеше да ужива во глетката што ја виде во прво одделение.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Актуелни активности како писател: Претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија; Уредник во Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје; Главен и одговорен уредник на Македонски книжевен гласник „Синтези“; Член на Уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност 130 тома“, на македонски и англиски јазик и на антологиски избори на македонската литература на седум јазици; Раководител на проектот „Македонски книжевен лексикон“ (од Св. Климент Охридски до денес), Институт за македонска литература; Член на Организациониот одбор на Меѓународната манифестација „Рацинови средби“ во Велес; Бил: Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979); Претседател на Друштвото на писателите на Македонија во два мандата (2000 – 2002) и (2002 – 2004);
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Пеењето ВМРО-вски песни околу накитените елки и чекањето на Бранко Црвенковски да им донесе подароци, зборува дека Дедо Мраз во нашава црна Македонија ниту имал ниту ќе има мандат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се сеќавам и на однесувањето на претседателот на Француската република Франсоа Митеран, кој во последните години од владеењето, дури под притисокот на неизлечивата болест, чинеше натчовечки напори и усилби како да остане во историјата, макар што во граѓанска Франција, вечните мандати беа ограничени, а демократските традиции силни Минував близу претседателската палата, близу улицата, кога Бургиба, пред неколку дена продолжуваше, добро облечен да ги врши своите утрински прошетки за да ја убедува нацијата дека е тој жив и здрав и дека ведро чекори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа му се потврди кон почетокот на 1941-та кога уште еднаш, овој пат, сосем лесно, му успеа да издејствува потпишување договор за уште еден мандат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Владата на Република Македонија во средината на 2012 година го назначи последниот состав на своето советодавно тело, Совет за македонски јазик, со мандат за периодот 2012 – 2016.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Јас се бев оддалечил најмногу од неа во долгиот дипломатски мандат... Писмото беше испишано само на една страница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Спорот е покренат во месец јули 2000 година, за време на мандатот на еден функционер т.е. претседател ССМ, а е завршен во мандатот на друг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)