маскира св. и несв.

маскира (св. и несв.)

Тоа беа Горјан и Огнен, така мајсторски маскирани што ретко кој можеше да ги познае.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
4. Пушкомитралезот служи за уништување на откриени и маскирани, групни и поединечни живи цели, како и за неутрализирање на огнените средства на непријателот до 800 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште повеќе, маскиран во комерцијална и тривијална литература, овој писателски анахронизам, во најново време, нападно се рекламира на европската литерарна сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ќе го маскираш нејзиниот основен мирис со убав парфем...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нови предизвици, модерна голгота антихристот вешто се маскира жигосува јунаци и животи голта а злосторниците судбини кројат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ганка се мажеше за човек со занает и - со дуќан, за кројачот Арсо, толку невозможно ситен што мене ми изгледаше дека е дете циркуски маскирано во човече.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Целта на сите овие ритуали, конвенции, маскирања, собирања, системи од правила и приоди, е еден од парадоксите што самиот живот го воздигнуваат до уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Делувањата на оваа моќ се преправаат или се маскираат бидејќи тие оперираат со одредени норми кои се означени со статус на „вистина“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Колку и да се маскирал со брадата, она се неговите сини очи. - Да, да! Тоа мора да е тој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изохронично лудило кое се маскира преку љубовта, или можеби љубов која е спас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Гури Порадеци ништо не виде зашто веднаш се зафати со маскирањето на чунот со кој требаше, вечерта, тајно да се врати назад.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие маскирања не се историски случајности на кои би можеле да им се восхитуваме или поради кои би можеле да жалиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го прогонивме Јан од тој свет, но остана мачното чувство дека ни недостига, оти со него бевме блиски; бракот меѓу Земанек и мене дојде како еден вид алиби дека тој свет е сепак реален: дека во тој свет на партиските состаноци, на маскирањата и лагите, на подметнувањата и притисоците, сепак имало и нешто човечко: љубов, здрава, нормална, телесна, духовна, дека од таа љубов ете, се раѓаат и деца.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Буричкав низ средства за маскирање и ми се причини дека моето лице, кое претходно не го забележував, изразено почнува да ме гледа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сѐ се одвива како западниот поим за говорот (во она што, отаде неговата повеќезначност и тесната и проблематична спротиставеност на зборот и на јазикот, го врзува главно за фонематската или глосематската продукција, за јазикот, за гласот, за слухот, за звукот и здивот, за зборот) денес да се открива како маскирање на едно првично писмо5: пофундаментално од она кое, пред ова пресвртување, се сметаше за прост „додаток на зборот“ (Русо). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Јас сум маскирана, - си мисли таа, - утре или задутре баронот ќе ме замени со Nadine и ќе ми го земе сето тоа“... *
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но никогаш во својата кариера која сега веќе опфаќа четириесет години, овој уметник не ги маскирал своите намери и не нѐ мамел во врска со својата мотивација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа, публиката не е под маска; но таа гледа дека оној кој говори срамно, оној кој го говори она што таа сака да го чуе – е маскиран, заштитен, недостапен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе