матрица (ж.)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во традициите на дамна востановените дипломатии постои логична и функционална пропорција на дипломатските кадри кои се формираат од матрицата на институцијата односно Министерството за надворешни работи и страничните политички именувања, не поголеми од десет проценти, најчесто одредени според волјата и диктатот на новиот шеф на државата, на Владетелот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Османскотурскиот јазик му се виде како матрица која ги обединуваше источните и западните влијанија и ги пренесуваше во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова води во карактеристичен облик на уметност во којшто многу типови на стимулација се здружени поради стимулација, повторно будење или интензивирање на психоделичното доживување, за време на кое нормалните критички матрици на мислењето стануваат дезинтегрирани и поместени кон попримитивни и спонтани реакции, иако субјективно имаат карактер на естетско доживување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Времињата се променети, но споменот за Андалузија не живее со векови само во меморијата на Шпанците туку е вграден и во шпанската цивилизациска матрица, како оригинално шпанско богатство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имавме неколку другари со високо образование, ноќе слушаа вести, потоа ги пишуваа на машината, па на матрица и на фотокопир ние ги вадевме и ги делевме по единиците да ги читаат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не можам да замислам начин за создавање „нормален” производ од суровините на личното јас, освен на некој ваков начин: еднаш кога ќе ги допреме матриците на нашите дистинкции, ги имаме правилата за нивно комбинирање и разделување во множества и потцелини.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Зарем секогаш мораше да никне една нова војска (јаничари) која ќе брани еден нов поредок заведен од лажните и обврзни идеали на владејачките елити кои не се ослободуваа лесно на Балканот од деспотската матрица на владеење, убаво и цврсто наследувана од поранешните императори!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сѐ што чекаше, беше завршено, и сѐ што ќе дојде отсега па натаму ќе биде како некое дополнително постоење, одделено од првото со овој миг на леснотија, на празнотија, на зачудување и на олеснување - единствен миг, без сомнение, што треба да се поздрави патем и во чија што чест запазив едноминутно молчење. (202) Овој дневник е суптилна матрица на мрзливост. (202)
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Видови графичко изразување Постојат листи (уредени низи редови, од коишто секој претставува семантичка единица; на пр. колекционерски каталози или ресторански мении), матрици (табела редови и колони со јазички, нумерички и други информации, што можат да се прегледуваат вертикално или хоризонтално), нелинеарно гледање (типографија карактеристична за новинските огласи), линеарно разгранување (дијаграми во форма на стебло) итн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се работи за грешка (за мене сѐ уште непојмлива), од страна на издавачот „Независна музичка работилница - Трот рекордс“ кој успеа, наместо композицијата што посебно ја изработив за оваа цел, да стави концертна матрица за истата песна иако таа веќе беше уредно префрлена на посебен ДАТ (од страна на издавачот) и беше повеќе пати емитувана на 103. Margina #21 [1995] | okno.mk 83
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас, матрица, матка, матерка,
модра, мадра, мудра матрона
од Другиот свет
(не, овој никогаш не ми бил доволен!)
ти повелам:
влези во морето
не мисли на немоќта
оти никогаш не знаеш
колку ќе издржиш
и во болот, и во ужитокот
пливај до кајшто гледаш
а гледај далеку, секогаш подалеку
јас глаголам задумно на 'ртот
зборувам на својот мајчин јазик
(о, какво олеснување, каква удобност!)
и сила ти давам
а не утеха!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Како и новата политичка карта која се крои на крајот од веков, како и кризата на семејството во културно владеачката западна матрица. Како и многу други фактори.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
За киберпросторот. ТЛ: Како ти би го опишал киберпросторот, како матрица или како халуцинација? ВГ: Да, тој е консензуална халуцинација што луѓето ја создадоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така вуду- окултистите во Спроул, кои веруваат дека преку Матрицата контактирале со вуду пантеонот, всушност се соочуваат со овие фрагментирани елементи... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 67
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)