мегафон (м.)
Наутро дневна доза со лоза клиники полни, болни од цироза младо и старо со крвави очи шпирит на пазар уште се точи Господе чувај и носи во рај спаси земја од хоштаплерај и сиот шлајм дегенериран народот твој од вести фрустриран Чувај од вртешки транзициони новинарски гниди и мегафони чувај од подли странски емисари оган да ги изгори блудниците стари Повторно избори и плукачка кампања здодевни флоскули, демагошки срања реформи нови демек ќе прават со локум и кафе гласови да ќарат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Старата концепција од шеесеттите, тнр. концепција на “мегафон”, зборува за медиите што произведуваат ѓубре, а ние сме мали, и праведни кога ги напаѓаме носејќи им ја на луѓето вистината.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)