механика ж.

механика (ж.)

Природата беше механички збир или на квалитативни или на квантитативни ствари.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Веќе дамна го напушти фантазирањето со механичките имитации на животот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дури сега забележува дека од џебот на мантилот го извлекла чистото бело шамиче и механички ги брише очилата за сонце.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кант почна со критиката на бессилноста на францускиот механички материјализам со тоа што ја оддели мислата од материјата.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Така станале имињата Србин и Хрват народни од племенски, така се присоединиле механички кон нивните носители соседните племиња со своите наречја и составиле со нив еден народ, постепено асимилирајќи се со своите покорувачи или присоединувачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа механички наполни две чаши со некаква течност погуста и од зејтин и ни ги принесе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ беше некако механичко во неговите движења.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Импресивна глетка создава и машината што претставува механички раце, која се употребува само за ракување со опасни материјали по човечкото здравје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека мавташе механички напред назад со рацете, со израз на сериозно задоволство на лицето, што се сметаше соодветен за време на физичкото размрдување, тој се бореше во мислите да си го пробие патот назадечки во магловитиот период на раното детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Иако имаше многу работа, отиде во продавница, пронајде некаква механичка направа која овозможува побрзо испишување на буквите, успешно ја употреби, направи сѐ друго што беше потребно за таа работа, а покрај тоа ми го врати и моето лично достоинство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На средината на излогот стоеше една реклама која го објаснуваше механизмот врз чија основа механичкото перце совршено функционираше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со деконструирање на такви научни настани како судењето на Галилеј пред Ватикан и развојот на квантната механика, тој инсинуираше дека не постои никаква логика во науката; научниците ги откриваа и се придржуваа до теориите поради крајно субјективни дури и ирационални разлози.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јукстапозицијата е во согласност со желбата на уметникот нештата од природата да бидат гледани низ заплетканите детали на неговата сложена конструкција, дело кое има интенција да претставува механичка метафора за меѓучовечките сексуални односи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го погледнува новиот часовник кој му работи на механичка енергија. - Во единасет навечер?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој на надворешниот свет механички му наметнува идеи, сметајќи ги за сопствени вистини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Рецепцијата на византиската култура ја заобиколи опасноста од механички мимезис и поистоветување за асимилација.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Утврдувањето дали сите пишани документи одговараат на ортодоксноста на моментот претставува обичен механички чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа таквата логика и го бараше објаснението на процесот или на движењето на природата, општеството и на самото човечко познание во една причина однадвор, го гледаше само механичкото дејство на стварите, идеите, тенденциите на општеството, природата, науката, уметноста, политиката итн. и тоа една врз друга, една по друга, но не и една од друга, не нивната раздвоеност и целокупност, туку само раздвоеноста, само идентичноста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Стоев сам во пиџами на вратата, го чувствував топлиот ноќен ветер, и тогаш сфатив дека Тате седи на механичката лулка на терасата и полека се ниша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе