мирисен (прид.)
Додека ја водев мојата свршеница кон твојот румен извор лулееше на своето здолниште цело едно мирисно поле.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Конечно процвета и мирисниот лилјан опкружен од црвените рози на страста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Виножито од бои и широк мирисен спектар.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Надвор се ширеше тиха мирисна ноќ.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Истите сакаше како мирисен цвет да ги дари, но не секому.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кој ќе му го зблажи сега копнежот, нестивнатиот копнеж по онаа мирисна, светла мугра - последната што ја виде и што осети во родниот крај?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сето ова делува најприродно, како и суптилните, кружни движења на нејзините полнички дланки, кога во наежената кожа ми втрива мирисно масло од темното, осмоаголно шишенце со етикета „Здив на боговите“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дали ќе заборавиме на цртежите што ги цртавме и на составите што ги пишувавме за убава, чиста, мирисна , цветна, здрава животна средина?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тој ѝ објасни на мајка му на Сандри дека босилекот е царев мирисен цвет, дека во рајот има најмногу босилек и дека на Богородица тој ѝ е најмилото цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа беше мошне дебела, лакома жена од некои четириесет години, која сакаше да спие на воздух, во градината, под мирисниот клен.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стивнуваат веселбите. Ширата шурка пенлива и мирисна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)