мироса (св.)
Како брат ми Митре, да му се миросаат коските и Господ златен да им отсече и раце и глави на тие шо го заклаа... - се прекрсти баба и потоа ја дофати фурката и почна да преде.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бог да ми а прости, да и се миросани коски, оставила сиромашката и за стари, и за млади да се отстрамиме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ами, домаќине, зошто не го спомнуваш брат ми, Бог да го прости и коските да му се миросат... - се прекрсти баба трипати и пак праша: - Зошто не го спомнуваш?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)