мисла ж.
мисли несв.

мисла (ж.)

Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Целиот живот ти лета по мислите и, до последниот вртеж на зарот, доживуваш оргазам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Читај, само со поголеми прекини за да можеме ние простите - припрости, неписмените, де, да ја сфатиме оваа длабока содржина на длабоки и продуховени мисли на нашите драги од селото Герман...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Уште повеќе се вкопа во земјата и чека и не може да ја истера лошата и злокобна мисла. Се залепи како лишај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можеше во тој миг да го погоди текот на неговата мисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко стана вистински заробеник на оваа повеќезначна мисла на белогардејскиот руски научник кого, сигурно спасувајќи се од сталинистичките логори во Сибир, среќата го донесе крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Судар без жртва? Ранети мисли телото го заробија.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас не можам да прочитам, во плимата од твоите мисли со широк опсег на творечка фантазија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секавицата што светна негде зад ридовите му ја сепна мислата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При надворешното пријателство на Русија, тие не можеа да се примират со мислата зошто руските конзули во Македонија да ја подржуваат српската пропаганда таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зборовите го заземаат обликот на душата и го исполнуваат интимниот круг на мислите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Заработуваа од туѓиот труд. Продаваа книга со туѓи мисли.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само миговно посака и се исплаши мислата да не го издаде!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој во времето на поминатите негови години во Србија се наоѓал под влијание на цел ред околности што отсуствуваат во Бугарија и затоа неговите погледи се разликуваат од погледите на оние што се образуваа само во Бугарија и се слободни од цел ред преземени мисли и предрасуди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Неговата сенка, од време на време, проигруваше од осветлената лампа врз татковите книги. – Но јас имам читано – ја продолжи мислата татко ми – дека козите живееле со луѓето уште во време на таканаречените наколни живеалишта, најстарите човекови домови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Би ги прашал авторите на тие психолошки лајненици како може еден жител на Конго да има позитивни мисли и дали ако мисли позитивно би му паднало прасечко од небо на маса?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе