митологија (ж.)
Моќта на личностите од политичката митологија никогаш не исчезнува. Макар колку да ги закопуваш и презакопуваш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ја бранев таа своја сопствена митологија, која учеше дека е можно да читаш без да ги научиш буквите.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа е последица на наметната вештачки и артифициелни митологии родени од профитабилна лакомост и во функција на ништо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Исчезнуваа имиња на улици заменувајќи се со нови, имиња на плоштади и градови, исчезнуваа фотографии и забелешки во енциклопедиите, исчезнуваа луѓе, исчезнуваше една митологија и се заменуваше со нова, исчезнуваше една земја и се заменуваше со нови, исчезнуваше едно време од педесет години...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Онаа која признава само подлоги влажни
и мрачни, подземја непожелни
дома, избива одненадеж како пожар
лази по таваните божем по одбрано небо
без брзината на лебарките
глувците и осите.
Неприлагодена и грозоморна
без митологијата на старите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Занданата е неодминлива и во балканските митологии, легенди, во преданијата, во народната литература.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа што мене ми се случи се случува поретко отколку кога еден цел град митолошки ќе нестане под вжештена лава.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Често беше подготвена да ја прифати официјалната митологија, просто затоа што разликата меѓу вистината и фалсификатот за неа немаше никакво значење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ворхол создаде особена митологија собирајќи ги претставниците на њујоршката алтернативна сцена под еден кров.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Брајант во својата мошне позната ’Митологија’ спомнува сличен извор на заблуда, кога вели дека ’иако не им веруваме на паганските басни, ние постојано забораваме и изведуваме заклучоци од нив како да станува збор за постојни вистини’.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По една година од париското издание на Мицкиевичевиот Пан Тадеуш и од Сонетниот венец на Словенецот Прешерн, Неофит Рилски ја создава првата бугарска граматика и ја објавува Јаков Грим својата Германска митологија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко со целосно балканска судбина, беше свесен дека излезот од новата митологија за Балканците беше во еден автентичен, реален процес на самоосвестување ослободен од секакви предрасуди на комплексноста на балканските идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој никогаш не губеше време за релативизирање или пак за рушење на холивудските митови (во митологијата на американскиот филм, не постои вредност која не е успешно пародирана), и од неговите изјави, и уште попрво, од неговиот однос кон протагонистите, можеме да го видиме респектот кон холивудската традиција, особено кон системот на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се создаваше нова митологија на Балканот, можеби и поубиствена од претходната која ги ставаше новите држави- нации во тотална амнезија кон османското минато, кон османската компонента во нивните идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој ја покажува моќта да ја продолжи алхемијата меѓу реалноста, митологијата и хуморот, успевајќи да ги дедраматизира силните балкански антагонизми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
ЈАКОВ: Зборувате како митолошки бог! Сте го зеле неговото обличје, сте ја ставиле неговата маска, сте станале неприкосновен, недопирлив, миропомазан фараон.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тоа се пантолони за правоверните љубители на поп митологијата. Timberland Уште еден американски производ има култен статус - тимберланд мокасините.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сепак, цртаниот Херкул (неочекувано) ми одржа лекција од митологијата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)