митралез м.
митралезец м.

митралез (м.)

Трчам да видам што стана со митралезот на десното крило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со митралези ги бијат рововите и со ракети и бомби - бункерите. Бранот менува бран. Одлетуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На смена тие го носеа митралезот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Партизаните на ДАГ се спуштаа по стрмните планински удолници и густите шуми и на приодите пред градот паднаа во минските полиња и беа пречекани со урагански митралески и автоматски оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Авионите еден по друг се спуштаа над колоната и ја опсипуваа со митралески рафали...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Легнав и гледав веднаш до мене како да врне дожд од куршуми од митралезот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесет и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ќе ме демнат со увереност дека еднаш ќе ме пратат да кршам мрамор на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Не можеме, му рече Марика, тежок е митралезот и никој не ни помогна...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командантот влезе во бункерот и му нареди на Киро да премине во другиот бункер и да го преземе тешкиот митралез.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но растовари го коњчето, дрвата нека останат тука и помогни ни да ја однесеме муницијава и митралезите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го фрлам митралезот и седнувам да се издишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Долги митралески рафали и трештење на рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А од десното наше крило веќе ми го нема митралезот, не го слушам. „Крило е дел од фронтот на борбениот ред од единицата што се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот на фронтот.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега се јавија и други митралески гнезда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од рововите и митралеските гнезда се подадоа глави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А авионите не престануваа со голема бучава ниско да летаат и да бијат со долги митралези рафалии и страшни беа грмежите на бомбите и ужасен беше пламенот што се издигнуваше над рамницата и ги снемуваше гласните викотници и лелеци на луѓето кои гинеа под бомбите и гореа во пламенот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го кревам митралезот и ги враќам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе