митралезец (м.)
Ама митролесците молчат. Знаат кој се таму и што се прави таму. Зар и на другарите свои ќе пукаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се уплаши митралезецот и избега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после се врати митралезецот, го менува лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Другар му не разбира: старицата го бараше својот внук Борис митралезецот, оној што загина во тоа лето долу на пругата, а не него, зашто тој и немаше баба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)