младини (само мн.)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Така го одмотуваме клопчето на нашата судбина од младини до старини.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Генералот Кикицас, кој уште од младини, од деновите на школувањето во воената академија, таму во далечните триесетти години, беше близок пријател на Маркос, со кого го формира Главниот штаб на ДАГ, значително, но одвај забележливо погледна на Захаријадис.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)