модалност ж.

модалност (ж.)

212. Точката е интерпункциски знак кој се бележи на крајот на расказна реченица (проста или сложена) или логички напишана мисла што претставува целина и ја пренесуваме како реченица: Таа ми раскажа еден сон. – Наум беше буден пред да ѕвони будилникот. – Девојката се смееше гласно. – Ракометарите го постигнаа најголемиот успех досега. – Надвор врне. – Нам малку ни треба за среќа. – Димитар ќе остане дома, а ние ќе одиме на свадба. – Кога ќе наближеше до аргатите, тие секогаш ја забрзуваа работата. – Никој не знае каде отиде момчето. – Влегoa во автомобилот за да не ги наврне.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)