можен прид.

можен (прид.)

Многузначноста, поливалентната згуснатост на смислата на времето да ги сече сите можни духовни оски и рамнини, е предмет на поезијата и влегува во нејзината филозофија како нејзина централна составка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За сите чија што главна забава е провинцискиот панаѓур и возење на рингишпил како најубава од сите можни убави забави.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во СОЕ многу порано, отколку воените планери, го увиделе значењето на движењето на отпорот и народноослободителните движења и настојувале со сите можни сили да се инфилтрираат во тие движења и да ги помогнат колку што можат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше сосем можно да била само испратена во некој логор за принудна работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој сѐ уште не знаеше каква мустра е тој негов можен зет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зар е можно ова што ми се случува во родната Албанија?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Постојат за жал околности што не е можно однапред да се предвидат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стравувањата за можните последици поради фатениот курир се покажале сосема неосновани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Научниците се многу креативни луѓе кои имаат специјална дарба да ги импровизираат и комбинираат нештата на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На моменти беше можно дури, омразата да се префрли со свесен чин во еден или во друг правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Крајната цел на неговата потрага, на неговата лична Еурека, остануваше да го открие можното согласие во патиштата човекови и патиштата на миграциите на сите други суштества.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Симон на Димитар Башевски во некои аспекти е можна верзија на Селимовиќевиот Ахмед Нуредин, кој исто така може да се толкува и како раскажувач кому не можеш докрај да му веруваш, кукавица, тип со политички аспирации, човек којшто настапува од интелектуални позиции и на мигови изгледа дека повеќе му е важна универзалната Правда, отколку да се спаси братот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во секој момент е можно климатските услови на мозокот да ги прогласат за природна непогода. Вонредна состојба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И во рустичниот пејзаж врежале зелен музеј за да го покажат можниот скок на земјата од дрвено рало и копач, до плодоносните тераси на ридовите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не го спомна дури ни како можна претпоставка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе