молитвен (прид.)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дедо попот чита од Евангелието, сѐ по ред запишано од Апостол Марко - како што се случило на тој Ден - ВЕЛИПЕТОК - мачни страдања на Богочовекот... молитвени зборови од СИНА до ТАТКОТО - ОЧЕ, ПРОСТИ ИМ ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сѐ е осветлено како на Сведен, Во воздухот лелее глас молитвен Утро е.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
се распали, гори Македонија можеби и отшто ги баталивме утринските молитвени песни отшто ги баталивме и вечерните серенади а додолските песни ги избришавме од сеќавањата од сите носачи на звук (останаа само носачите на зло).
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Како да беше на брегот на своето молитвено место, а Езерото, нејзиниот храм на надежта, некаква божја сила во која веруваше само таа дека еден ден ќе ги стаса своите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги покриваат главите со ист молитвен шал, и кога Алегра го допира со лактот, Јехуда го чувствува стариот трепет на нејзиното тело. Рабинот го полни пехарот со вино и ги кажува седумте благослови спомнувајќи ги младенците како заљубени пријатели.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од џамијата што го покажува својот остар врв зад ридот се провлекува молитвено виење. Време е, другари, време е!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Makhzor молитвена книга за еврејските постови Maoz Cur Yeshuati првиот стих и името на молитва за Ханука, со значење: „Камена тврдина на спасението мое...“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Поради него, поради Акиноскиот што молел тука, кладенецот го завикале, а и ден-денеска така го викаат, Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа ќе те сретне вториот сосед и ќе те праша дали со тебе долетуваат или сами од себе се појавуваат од земја камените глави од Месопотамија, глинените садови од долината на Нил, бронзениот лик на Ацтечкиот крал, амфората во која се криел синиот тамарис на Сафо, мермерната плоча од Анталија, црвената грутка од Долината на монасите од Кападокија, молитвениот камен од Радика во кој и сега коленичат Богомилите, црниот камен од вулканот на Санторини, или шарата со проклетствата на Перун од Ел Тепе?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Едни, по исплакувањето на Молитвена Вода, прочистени, успеваа да се вратат во крилото на семејството и во крилото на заедницата, (таквите беа оставени на мира, како ништо да не се случило со нив и во нивниот живот), други, кои и потоа, и по исплакувањето на Молитвена Вода, не успеваа да си го повратат мирот и спокојството, стануваа тихи и вовлечени во себе, чудаци, трети, длабоко неутешените, или стануваа божјаци, или одеа во манастир, или, непречени од никого, заминуваа некаде и не оставаа по себе никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од сите знаменити води, Молитвена Вода, откако се паметува, играла најзначајна улога во животот на населбата во Потковицата и на сите околни села.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
5.5 Долго и продолжително пропаѓам Во таа илузија налик на жена Пред која се молчи Со молитвен поглед.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)