морнар м.
морнарица ж.

морнар (м.)

Морнарите нѐ пувкаат, нѐ запрашуваат и го собираат носот, ја вртат главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу нас имаше еден морнар кој по ѕвездите ги откриваше насоките на светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таков е бродот без капетан и често без кормилар па и морнари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Набрзо ги распозна корпусите на бродовите на кои се држеа јарболите. Ги виде на палубата разрошканите глави на морнарите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кај него таа е обновена, прочистена од грубите милувања на морнарите од трговските бродови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа тој одеднаш пак стана строг и им нареди на своите морнари да се повлечат во кабините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од подморницата конспиративно излегува еден јапонски морнар, внимателно загледува наоколу, ослушнува... а потоа го крева погледот нагоре, кон голиот задник на убавата девојка...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Така бојадисани безбели биле и соновите На морнарите од крстарицата Аврора И така бојадисаните сонови најлесно се ределе во матушки Отвори ја најголемата матушка во неа има помала и во помалата помала Сѐ така до помалата од најмалата матушка
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Нејзините розови колена се припиени во сините панталони на морнарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се поздравуваме со морнарите, со екипажот на бродот, ама рака никој не пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пловидбата беше негова света задача. Го насочи бродот кон Југ. Југот ги плашеше морнарите. Оттаму бродовите не се враќаа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утрината, кога сонцето исплива од источната страна на морето, сите морнари беа на палубата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Острото морнарско око, загубено во опасниот простор на морето, ја следеше оваа зграда слетана на самиот врв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дневната заповед на Големиот Брат очигледно беше посветена на одавањето признание за работата на една организација позната како ПТЦЦ, која ги снабдуваше морнарите на пловечките тврдини со цигари и со други потрепштини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сврте кон децата. „Морнари, дигнете ги едрата и пловете дома.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Недалеку од него, висок морнар преграбал преку половината девојка сосема млада и срамежлива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе